Групата за дигитални права „Мјанмар ИЦТ за развој“ (Myanmar ICT for Development) соопшти дека мјанмарските војници и полицајци преку апликацијата ТикТок упатуваат смртни закани кон демонстрантите.
МИДО соопшти дека пронашла повеќе од 800 видеа на кои им се упатуваат закани на демонстрантите, кои бараат ослободување на бараат ослободување на затворените лидери и повторно воспоставување на цивилна власт.
Армијата на Мјанмар одби да ги коментира наводите на МИДО
На 3 март загинаа 38 демнонстранти откако безбедносните сили употребија боева муниција.
Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.