Армијата ги стопира уставните измени во Мјанмар

Од:

Армискиот врв на Мјанмар денеска соопшти дека не се согласува со уставни измени со кои на изборите идната година можност да се кандидира за претседател на државата би добила и познатата опозиционерка Аунг Сан Су Ќи.

Сегашниот Устав, донесен 2009 година, по делумното укинување на воената управа во поранешна Бурма, забранува кандидатура за претседател, ако во семејството на кандидатот има членови кои се странски државјани. Починатиот сопруг на Су Ќи и двајцата нејзини синови имаат и државјанство на Велика Британија.

Несогласувањето на армијата значи и автоматски прекин на уставните измени, бидејки според постојниот Устав, армиското крило во Парламентот има право на вето. Во соопштението на армијата лаконски се констатира дека Уставот не бил правен за една личност, туку за иднината на Мјанмар.

Допрва се очекуваат остри реакции на меѓународната заедница, особено од САД, под чиј притисок Парламентот на Мјанмар ги започна уставните промени.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска