Аргентински обвинител го обвини Иран за создавање терористички бази во Јужна Америка

Од:

Аргентинскиот обвинител, кој ја водеше истрагата за антиеврејскиот атентат во 1994 година во Буенос Аирес, во кој загинаа 85 лица, достави до судот нови обвиненија против Иран, кој е главниот осомничен за нападот.

Алберто Нисман ја обвини иранската Влада дека нејзини агенти се инфилтрирале во неколку земји во Јужна Америка и создале разузнавачки групи – шпионски бази, кои планираат, извршуваат и поддржуваат терористички напади како тие во 1994 година.

Нисман како раководител на таа операција го посочи Мохсен Рабани, поранешен аташе за култура во иранската Амбасада во Буенос Аирес, во времето кога беше извршен нападот врз еврејскиот центар.

Нисман изјави пред новинарите дека обвиненијата мусе предадени на судијата Родолфо Каникоба Корал, кој е одговорен за истрагата на ентиеврејскиот напад. Копии од обвинението ќе бидат испратени до судските власти во Бразил, Парагвај, Чиле, Колумбија, Гвајана, Суринам и Тринидад и Тобаго.

– Во тие земји има солидни и мошне слични индикации за инфилтрирањето на разузнавачки групи, рече тој.

Аргентинското правосудство исто така смета дека Иран е одговорен и за експлозијата во 1992 година на автомобил-бомба пред израелската Амбасада во Буенос Аирес, кога загинаа 29 лица, а ранети беа 200.

Иран демантира какво било учество во тие напади.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел