Аргентински министер тврди дека има листа на „шпионирани политичари“

Од:

Аргентинскиот министер за надворешни работи Хектор Тимерман изјави денеска дека располага со листа на „околу сто политичари и јавни личности“ кои се шпионирани.

Тимерман тврди дека „еден висок функционер“ му ја предал листата за време на лидерската средба во Уругвај, на групата Меркосур, што се оддржа во текот на изминатиот викенд.

Аргентинскиот министер рече дека листата на која имало политичари, дипломати и новинари, потоа им ја предал на јавното обвинителство.

Листата ги содржи електронската пошта, адресите и лозинките на „шпионираните лица“ но Тимерман одби да открие која земја го вршела шпионирањето, како и кој му ја дал листата.

На средба со новинарите во Буенос Ајрес, аргентинскиот шеф на дипломатијата одби да одговори дали САД е земјата која ги шпионирала стотината луѓе од листата, освен што откри дека уште еден министер, од друга јужноамериканска земја, располага со оваа листа.

Минатата недела, повеќето држави од Јужна Америка ја изразија својата „вознемиреност“ кон САД од откритието на пребегнатиот поранешен ИТ техничар на ЦИА и на НСА, Едвард Сноуден за тоа дека американските служби за безбедност имаат „раширена шпионска активност“ во овој дел од светот.

На средбата на групата Меркосур, лидерите на земјите членки го осудија однесувањето на САД кон државите од јужноамериканскиот континент, особено откако за надгледувањето на комуникацијата, пишуваше и бразилскиот весник „О Глобо“.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме