Аргентинците ќе гласаат на 16 години

Од:

Аргентина ја спушти старосната граница за гласање на 16 години, а овој потег се проценува дека би можел да ја зајакне позицијата на популистичкиот блок на претседателката Кристина Кишнер, на парламентарните избори наредната година.

Гласањето за полнолетни Аргентинци, кои се околу 29 милиони е задолжително, а за лицата на 16 и 17 годишна возраст, кои се околу еден милион, ќе биде врз доброволна основа.

„Ова е исклучително важна иницијатива затоа со неа се проширува границата за правата“, изјави Агустин Роси, шефот на парламентарната група на владеачкиот блок.

Противниците на законот велат дека власта на овој начин сака да го добие потребното мнозинство кое би и било доволно за промена на уставот со цел да и се овозможи на претседателката на државата да се кандидира и за трет мандат.

Приврзениците на законот, пак, тврда дека младите денес се повеќе политички свесни од порано и го посочуваат примерот со соседен Бразил, кој претходно ја спушти старосната граница за гласање на 16 години.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски