Аргентина: Седум доживотни затворски казни за злосторства против човештвото

Од:

Аргентинското правосудство осуди седум лица на доживотен затвор, а уште шестмина на три до 25 години затвор за злосторства против човештвото, извршени за време на диктатурата од 1976 до 1983 година, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на Центарот за судски информации на Врховниот суд.

Осудените, поранешни армиски и поморски офицери, како и префекти, се прогласени за виновни за убиства под отежнителни околности, незаконско лишување од слобода и мачење на 69 лица во градот Мар дел Плата, на 400 километри јужно од Буенос Аирес.

Процесите што траеја со децении завршија откако во Аргентина во 2003 година беа укинати законите за амнестија.

Приближно 30.000 лица се исчезанти без никаква трага за време на диктатурата во Аргентина, тврдат хуманитарните организации.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски