Аргентина прва во светот одобри ГМО пченица отпорна на суша

Од:

Аргентина денеска официјално стана првата земја во светот што одобри генетски модифицирана пченица отпорна на суша.

„Трансгената пченица HB4 развиена од Биосерес и француски Флоримонд Деспрез добро поднесува суша и е отпорна на хербицидот глуфозинат натриум“, се вели во службениот весник на аргентинската Влада.

Семето, сепак, не може да се продава во Аргентина се додека неговиот увоз не биде одобрен од Бразил, најголемиот купувач на пченица во Аргентина.

Ниту една земја во светот се уште нема одобрено увоз на генетски модификувана пченица, а дозволата не се очекува да биде значителен поттик за аргентинските земјоделци да почнат да сеат нова сорта пченица.

Еколошките групи предупредуваат дека не се знае доволно за генетски модифицираните култури за да им се овозможи на луѓето да ги конзумираат.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски