Аргентина ја спушта старосната граница за гласање на 16 години

Од:

Аргентинскиот сенат со огромно мнозинство го усвои нацрт законот со кој старосната граница за гласање се спушта од 18 на 16 години, а власта тврди дека со измените во изборното законодавство уште повеќе ќе се зајакне демократијата во земјата.

Нацртот на законот следниот месец треба да биде усвоен и во Долниот дом на парламентот со што ќе стане важечки закон.

Претседателката Кристина Фернандес го поддржа спуштањето на старосната граница за гласање „за да можат се повеќе млади луѓе да ја уживаат демократијата“.

Меѓутоа, дел од членовите на Сенатот сметаат дека се работи за изборна тактика на актуелната претседателка за да придобие што поголема поддршка на избирачите пред парламентарните избори планирани за октомври следната година.

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Крвнички е убиен милионер, неговото тело е искасапено на делови

Горан Наумовски

Инфлацијата во Аргентина надмина 100 отсто

ВИДЕО: Аргентина ја совлада Панама со 2:0, Меси со 800 гола во кариерата

Предраг Петровиќ

Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Аргентина

Ана Ололовска