Антонио Тaјани: Британија по изборите би можела и да се премисли околу Брегзит

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тaјани, кој престојуваше во Лондон, на своите домаќини им рекол дека Британија, по предвремените парламентарни избори, би можела да го смени своето мислење околу излегувањето од ЕУ.

Според лондонски „Гардијан“, Тaјани рекол дека другите 27 земји-членки би поддржале една ваква разврска по изборите, без разлика што премиерот Тереза Меј пред крајот на минатиот месец го покрена членот 50 од Лисабонската спогодба, со што и формално го покрена процесот за напуштање на ЕУ.

Тијани смета дека при промената на ставот за Брегзит, може да биде откажано натамошното спроведување на одредбите од членот.

Изјавата на европскиот политичар за тоа дека „се уште има време за откажување од Брегзит“ доаѓа во време кога Меј им порача на британсите гласачи дека „нема враќање назад“.

На почетокот од изборната кампања, таа побара од идните пратеници на Конзервативната партија да бидат целосно посветени на „тврд Брегзит“ што значи напуштање на заедничкиот пазар и на запирање на натамоѓното „мешање“ на европските судии и на европското право во бритнската правна пракса.

Дел од лондонските медиуми, открија детали од агендата на ЕУ за преговорите, во која се посочува дека нема да има договор за Брегзит, доколку не се обезбедат „трајни гаранции“ за правата на државјаните на ЕУ кои сега живеат и работат во Велика Британија, како и спогодба за безбедносните прашња и за почитување на европските закони.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија