Антикорупциска истрага против шведската министерка Маргот Валстром

Од:

Шведската комисија за борба со корупцијата отвори истрага против министерката за надворешни работи Маргот Валстром, објавија медиумте во Стокхолм.

Министерката Валстром (61) е осомничена за направена злоупотреба во врска со изнајмениот стан во кој живее.

Според шведските весници, станот е сопственост на левичарската Унија на општински работници „Комунал“.

Во договорот со Унијата за изнајмениот стан се наведува дека киријата ќе изнесува 32 шведски круни, што се смета за „смешно мал износ“ затоа што тоа се само 3,7 американски долари, иако станува збор за простор од 89 метри квадратни.

Валстром уште е и осомничена дека до станот дошла многу брзо и „преку ред„ затоа што за изнајмен стан, во Стокхолм обично се чека и до осум години.

Истрагата на комисијата треба да утврди дали во случајот со станот на министерката има поткуп при правењето на договорот.

Доколку се докаже дека има корупција, тогаш Валстром, но и директорот на „Комунал“ ќе се соочат со вина, за што може да бидат парично казнети или да добијат затворска казна до осум години.

Министерката ја префрла одговорноста за случајот со станот врз Унијата на општински работници.

Таа објаснува дека во станот живее од април 2015 година и дека во него се вселила верувајќи во чесните намери на станодавачот („Комунал“), кого сега го обвинува за презентирање на „лажни информации“ поврзани со договорот.

Маргот Валстрем е една од најпознатите шведски политичарки во земјата, но и во странство. Таа едно време беше и комесар во Европската комисија во Брисел, а сега е шеф на дипломатијата во коалициската Влада на премиерот Стефан Лофен.

Истрагата против Валстрем може да предизвка владина криза, затоа што владејачата коалиција на социјалдемократите и зелените има мало мнозинство во шведскиот Парламент кое лесно може да биде нарушено.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло