Анонимуси нападнаа во Северна Кореја. Откако хакерската група се инфилтрирала во сајтот на севернокорејската државна агенција, објавиле навредлива фотографија од Ким Јонг Ун со свинска муцка и цртеж од Мики Маус на неговите гради.
Под сликата е поставен натпис: “Се заканува на светскиот мир со нуклеарен напад. Троши пари додека неговиот народ умира од глад”
На друг пост напишале: “Ние сме Анонимуси. На граѓаните на Северна Кореја им предлагаме да го урнат репресивниот режим. Ви го чуваме грбот и Ве држиме за раце додека одите на патот кон слободата, демократијата и мирот. Немојте да се плашите од нас, ние сме добри момчиња од интернет”.