Анонимус нападна владини сајтови во САД

Од:

За да се одмазди за смртта на Арон Шварц, информатичкиот гениј и поборник за слободното користење на интернетот, кој изврши самоубиство кон средината на јануари, хакерската група „Анонимус“, објави дека вчера ја нападнала мрежната страница на Комисијата за пресуди на американскта влада.

Анонимуси преку видео снимка објавена на Јутјуб се заканија дека ке ги објават владините податоци собрани на страницата на Комисијата за пресуди, независна агенција на американското Министерство за правда.

Шварц со само 14 години учествуваше во развојот на RSS форматот и беше ко-основал на социјалната мрежа Редит, се обеси кон средината на јануари во својот дом во Њујорк, на 26-годишна возраст. За преснимувањето на повеќе милиони книжевни и научни податоци од информатичка архива достапна само за претплата со помош на компјутер сокриен во плакарот на реномираниот истражувачки универзитет во Масачусетс, Шварц можеше да добие 34 години затвор и глоба од еден милион долари.

Би можело да ве интересира

Анонимус ја хакираа централната руска банка

Катерина Ѓуровски

Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски

Ана Ололовска

„Анонимус“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Анонимус“ му објавија војна на Илон Маск: Уништуваш милиони животи, очекувај нѐ

Катерина Ѓуровски

„Анонимус“ сакаат да ги разоткријат сите злосторствата на полицијата

А1он

Анонимуси ја презедоа контролата врз нацистички сајт

Наум Локоски