„Анонимус“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници

Од:

Меѓународната хакерска група „Анонимус“ денеска соопшти дека како што и најави, нејзините активисти собориле повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“.

Во нивната информација објавена на твитер „Анонимуси“ последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн.

„Анонимус“ тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк“, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.

„Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина“, додаваат „Анонимус“.

Хакирани се и интернет-страниците на водечките белоруски банки, вклучувајќи ги „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“ и нивните услуги преку интернет се недостапни. Претходно групата ја хакираше и официјалната веб-страница на Чеченската Република.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков