Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп води со 44% во однос на 39% на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, покажа анкетата на Си Ен Ен.
Рејтингот на Трамп по конвенцијата на Републиканската партија скокнал за 6 проценти и тоа досега е неговиот најдобар резултат во однос на Клинтон, од септември 2015 година.
Предноста ја доби пред се благодарејќи на поддршката од независните гласачи од кои 43 проценти по конвенцијата во Кливленд се изјаснија дека најверојатно ќе го поддржат, додека 41 процент рекоа дека нема.
Анкетата исто така ја одразува острата поделба по степенот на образование помеѓу белите гласачи која доминираше и во текот на кампањата.
Хилари Клинтон ги има зајакнато позициите помеѓу белите гласачи со високо образование и има предност во однос на
Трамп од 44 спрема 39 отсто гласови во оваа групација.
Трамп пак, за возврат го зголемил водството помеѓу гласачите без факултет, на 62 спрема 23 проценти во однос на Клинтон.