Анкета: Мнозинството Шкоти поддржуваат независност

Од:

Вкупно 46 отсто од анкетираните Шкоти би гласале за независност од Обединетото Кралство, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено по барање на лорд Мајкл Ашкроф, што е прво поголемо испитување на јавното мислење од март 2017 година.

Од 1.019 испитаници, наспроти 46 отсто кои се „за“, „против“ би гласале 43 проценти. Исклучувајќи ги оние кои не знаат како ќе гласаат, тоа прерасна во предност од 52 наспроти 48 отсто во корист на приврзаниците на независноста на Шкотска.

– По посетата на (британскиот премиер) Борис Џонсон минатата недела, спроведов анкета меѓу Шкотите за да ја испитам поддршката за втор референдум за независност и побарав мислење од жителите за самата опција независност, изјави лорд Ашкроф, конзервативен кој се противи на управувањето на Џонсон.

– Утврдив мало мнозинство кое се залага за ново гласање и прво мнозинство гласачи кои се приврзаници на независна Шкотска во последните две години, изјави Ашкрофт.

Со 55 наспроти 45 отсто на референдум Шкотите ја отфрлија независноста од Велика Британија во 2014 година, но разликите околу Брегзит го вратија тоа прашање на маса.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски