Анкета: Коалицијата на Монти на четврто место според поддршката од гласачите

Од:

Коалицијата предводена од актуелниот италијански премиер Марио Монти е на четврто место според поддршката меѓу гласачите, пред претстојните февруарски предвремени парламентарни избори, покажува најново истражување на јавното мислење.

Левоцентристичката Демократската партија (ДП), убедливо води со 35,3 проценти, според истражувањето на институтот Текне, спроведено на барање на телевизијата Скај Италија. Второ место, со 19,5 проценти е десноцентристичката партија „Народ на слободата“ на претходниот италијански премиер Силвио Берлускони. На трето место со 16 отсто е популистичкото движење „Пет ѕвезди“ на комичарот и блогер Бепе Грило.

Трите партии обединети околу Монти, се четврто место со вкупно 12 проценти.

Според аналитичарите коалицијата на италијанскиот премиер технократ може да коалицира со ДП, ако левоцентристичката партија не успее да добие мнозинство во двата дома на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов