Анкара: САД ќе си го земат оружјето од сириските Курди, по победата над ИД

Од:

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во писмо до неговиот турски колега Фикри Ишик уверува дека оружјето што САД им го доставија на борците на сириските Курди, ќе биде вратено назад, откако ќе биде добиена битката против групата Исламска држава (ИД), соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Во писмото, Матис уште посочува дека САД редовно секој месец ќе ги информираат турските власти, за тоа колку оружје им е дадено на групата Сили за заштита на народот на сириските Курди.

На почетокот на мај Вашингтон објави дека донел одлука да им доставува оружје на силите на сириските Курди за борба против ИД.

Анкара смета дека групата Сили за заштита на народот и нејзиното политичко крило, Партија на демократската унија (ДУП), се ограноци на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија. ПКК се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД