Ангела Меркел е „бесна и тажна“ поради насилството во Вашингтон

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е „бесна и тажна“ поради настаните во Вашингтон, каде вчера четворица луѓе загинаа, а десетици беа повредени откако приврзаници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес, во обид да го запрат процесот на потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Меркел, зборувајќи на состанок со претставници на германските конзервативни партии, рече дека во основата на демократијата е дека има победници и губитници, како и дека „длабоко жали“ поради тоа што Трамп се уште не го признал поразот.

Германската канцеларка рече и дека „поттикнувањето сомнежи“ за изборните резултати ги овозможило вчерашните немили настани во Вашингтон.

Меркел ја поздрави изјавата на новоизбраниот претседател Џо Бајден и кажа дека тоа што Конгресот можел веднаш да ја продолжи работата, е „знак на надеж“.

Според германската канцеларка, потврдата на победата на Бајден значи дека САД за две недели можат да отворат ново поглавје во својата демократија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски