Анализа: Во Норвешка и Шведска најмногу се грижат за старите лица

Од:

На листата на држави кои најмногу се грижат за економската сигурност и здравје на лицата постари од 60 години водат Норвешка, Шведска, Швајцарија и Германија.

Според Хелпејџ интернешнел, непрофитна организација со седиште во Лондон, најлошо рангирана држава во тој поглед е Авганистан, а нешто подобро е во Мозамбик, Појасот Газа, Малави и Танзанија.

При составувањето налистата следени се 13 параметри, а рангирани 96 држави бидејќи останатите немаат за секој од критериумите.

Податоците на таа органзиација укажуваат дека во светот моментно има 868 милиони луѓе постари од 60 години што е речиси 12 отсто од целокупната популација. Се очекува таа цифра да се зголеми – анализите укажуваат дека до 2050 година ќе биде 21 отсто.

Од државите од поранешна Југославија најдобро е рангирана Словенија на 29 место, следуваат Хрватска 67, Црна Гора 68 и Србија на 78 место. БиХ и Македонија не се на листата. Албанија е на 53 место, Кина на 48 место, Грција на 73, а Русија на 65 место. Денеска е Меѓународниот ден на грижа за старите луѓе.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата