Анализа на „Политико“: Кој колку јаде и пие во ЕУ

Од:

Белгијците јадат најмногу, Французите најмногу време поминуваат на трпеза, Литванците најмногу пијат, а најмногу пушачи во ЕУ има меѓу Грците, покажа анализата на „Политико“.

Во однос на храната, односно сметајќи колку калории дневно конзумираат, први на листата се Белгијците со 3.793 калории, потоа Австријците со 3.784 и Ирците – 3.591. Франција и Германија се во златната средина – 3.524 и 3.539, како и Италија. Бугарите во просек внесуваат по 2.877 калории дневно, речиси исто колку и Словаците – 2.902.

Односот кон трпезата се гледа и според времето кое се минува на неа. Прваци се Французите, кои во просек, дневно, минуваат по 135 минути јадејќи. Следуваат Италија и Белгија – 114 и 109 минути, Полска – 94 минути, а Финците се уште побрзи – 81 минута минуваат на трпеза.

Кога станува збор за алкохолниот пијалок, први на листата се Литванците, каде секој од нив во просек пие по 15,4 литри алкохолни пијалоци годишно. Зад нив се Романците со просек од 14,4 литри годишно по глава на жител. Унгарците заостануваат, но не многу – тие пијат по 13,3 литри. Бугарите, слично како и Британците се поумерени и пијат по 11,4 литри по човек, односно 11,6 литри.

Кога е во прашање „светот на пушачите“, Грците се број еден. Таму цигари консумираат 37 отсто од населението, Во Бугарија и Франција тој процент е 36 отсто, во Хрватска – 35 проценти, а на дното на листата се Швеѓаните каде пушат само седум проценти од населението.

Кога станува збор за времето поминато пред „синиот екран“ предначат Романците, кои пред телевизор минуваат по 329 минути на ден или повеќе од пет часа. По нив следат Грците, кои се „поумерени” и минуваат само 258 минути гледајќи телевизија, но и Германците се тука некаде со по 223 минути дневно. Швеѓаните, по се изгледа, имаат сосема поинаков животен стил, па само 149 минути дневно се пред екраните.

Кога се во прашање навиките за пиење кафе, апсолутни шампиони се Финците, кои просечно пијат по 12 килограми кафе годишно. Германците и Французите се меѓу поскромните – 5,5, односно 5,4 килограми кафе, а на крајот на списокот се Бугарите и Ромаците кои пијат по 2,9, односно 2,4 килограми кафе годишно.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он