Анализа: Југоисточна Европа станува се потопла

Од:

Со глобалното загревање, во Европа најмногу се погодени градови на северниот дел од континетот, но и на Пиринејскиот полуостров како и на Балканот.

Според извештај на европската мрежа за дата новинарство (European Data Journalism Network) Скопје е меѓу првите 20 европски градови со најголем раст на температурата (15 место, +2,2 степени Целзиусови).

Со потпишуавње на Парискиот договор за климатски промени во декември 2015 година, 195 држави се обврзаа дека ќе го ограничат растот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриското доба.

Податоциуте сепак, покажауваат дека во многу европски градови тој праг е веќе достигнат.

Од таа новинарска мрежа ги анализирале податоците на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) што се однесуваат за периодот од 1900 до 2017 година и се за повеќе од 500 европски градови од кои 78 на Балканот.

Новата анализа покажува дека во многу европски градови порастот на температурата ја надминал таа вредност.

Град во кој е регистриран најголем пораст на температурата, земјаќи предвид разлика во просечни температури од 20 и 21 век, е Кируна во Шведска (+3,4 степени).

Северниот дел на Европа е област што најбрзо се загрева, и 18 од 20 градови со најголем раст на температурата се во Норвешка, Шведска и Финска.

Многу други градови од ЈИЕ се на врвот на листата – Букурешт (+1,4), Крајова (+1,4), како и Призрен во Косово (+1,4).

Уште еден важен показател за климатските промени е и бројот на топли денови во годината. Освен бројот на топлите денови, постои и температурна граница што е иста на сите географски должини и чие надминување влијае на когнитивните способности. Имено, истражувањата покажале дека кога средната температура надминува 22 степена Целзиусови, способноста за учење кај децата се намалува особено кога е во прашање – математика.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он