Амнести предупредува на сериозни последици од ширење на Ковид-19 во руските затвори

Од:

Амнести Интернешнл денеска изрази загриженост во врска со „катастрофалните последици“ од можното ширење на епидемијата на коронавирусот во руските затвори, повикувајќи ги руските власти да го намалат бројот на затвореници, особено оние што чекаат судење.

„Хуман рајтс воч“ предупреди и минатата недела за пренатрупаност во руските затвори како најголем проблем во случајот со пандемијата на Ковид-19.

-Доколку властите не воведат заштитни мерки, пандемијата би можела да ги погоди руските затвори со катастрофални последици, предупредува Наталија Прилуцкаја, аналитичарка во „Амнести Интернешнл за Русија“.

Според неа, сегашната состојба во рускиот затворски систем ги става затворениците во поголем ризик од заразни болести, наведувајќи ги „пренатрупаноста, лошата вентилација, лошата здравствена заштита и несоодветните санитарни инсталации“.

Според Амнести Интернешнл, 9.000 од 519.600 руски затвореници се мажи на возраст над 60 години, и тие се посебно загрозени од вирусот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски