Амнести интернешнел ја обвини Исламска држава за етничко чистење

Од:

Меѓународната организација Амнести интернешнел денеска ги обвини џихадистите од Исламска држава за систематско етничко чистење во северен Ирак.

– Масакрите и киднапирањата кои ги врши Исламска држава се застрашувачки нови докази дека се шири бранот етничко чистење на малцинствата во северен Ирак, изјави претставничката на АИ, Донатела Ровера.

АИ ги обвини исламистите за воени злосторства, вклучително и масовни убиства и киднапирања.

Обединетите нации вчера соопштија дека во август над 1.420 луѓе се убиени, а 1.370 се повредени во Ирак. Податоците не се однесуваат на провинцијата Анбар, западно од Багдад, бидејќи ирачката Влада нема контрола над тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија