„Амнести интернешнал“ започна кампања за заштита на борците за човекови права

Од:

Меѓународната организација „Амнести интернешнал“ започна кампања за заштита на активистите кои се борат за почитување на човековите права, кои се изложени на серијата напади.

Кампањата започна откако минатата година беа убиени 281 од активисти, што е значитечно попвеќе во споредба со 2015 година кога животите ги загубија 156 борци за човековите права.

Кампањата „Бестрашен“ е одговор на „невидените глобални напади против лидери на заедници, адвокати, новинари и други борци за човекови права“, кои се демонизирани и се изложени на прогон, стои во соопштението на „Амнести интернешнал“.

– Она на што сме сведоци денес е фронтален напад од влади, вооружени групи, корпорации и други, кои ја користат власта против правото за заштита на човековите права, изјави генералниот секретар на организација Салил Шети.

Тој нагласи дека лидерите на некои земји „се почесто ја уриваат самата основа, неопходна за слободно, праведно и еднакво општество“, посочувајќи ги при тоа како пример Кина, Русија и Египет.

– Во 2017 година тешката состојба на активистите за заштита на човековите права ја достигнаа кризната точка поради мерките што беа донесени од државите, додаде Шети.

„Аменсти интернешнал“ предупреди дека постои тенденција за користење на нови технологии за заплашување и принудување на активистите да молчат.

Организацијата ги повика сите земји да ги почитуваат обврските, што произлегуваат од конвенциите на ОН за заштита на лицата кои се борат за човековите права, да ветат дека ќе ги истражуваат нападите врз активистите и да ги мобилизираат локалните поддржувачи.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата