Американско-канадско семејство ослободено по петгодишно заробеништво на талибанска група

Од:

Американка, нејзиниот сопруг од Канада и нивните три деца се ослободени по пет години заробеништво на група поврзана со талибанците.

Пакистанската војска денеска соопшти дека оваа двојка и нивните три деца се ослободени од заробеништво на талибанската мрежа Хакани. Според претставници на САД, ослободување на семејството на Кејтлан Коулман и нејзиниот сопруг, канадскиот државјанин Џошуа Бојл, е резултат на ангажираноста на пакистанските власти.

Пред пет години, семејството беше киднапирано за време на посета на Авганистан.. Во моментот кога беше заробена, Колман била бремена.

Двојката во заробеништво ги доби сите три деца.

Семејството сега се наоѓа во Исламабад, од каде ќе отпатува за Канада.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече ослободувањето на семејството „позитивен момент” во односите меѓу САД и Пакистан.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка