Американски официјални лица: Ги спречивме Русите да соберат доверливи информации од дронот

Од:

Соединетите Американски Држави избришаа чувствителен софтвер од беспилотното летало MQ-9 Reaper пред да се урне во Црното Море за да ја спречат Русија да собере доверливи информации, потврдија двајца американски претставници за Си-Ен-Ен. Чекорите за бришење на софтверот беа преземени по средбата на дронот со два руски борбени авиони Су-27.

За потсетување, Американците тврдат дека руски борбени авиони вчера излиле гориво пред американско набљудувачко беспилотно летало, по што еден од руските авиони се судрил со дронот, оштетувајќи го неговиот пропелер и принудувајќи ги Американците да го соборат дронот во Црното Море. Николај Патрушев, секретарот на Советот за безбедност на Русија, рече дека Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од дронот.

Патрушев претходно беше шеф на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). „Не знам дали ќе го најдеме или не, но мора да се обидеме… И секако ќе се обидеме“, рече Патрушев на руската државна телевизија „Русија-1“. Според официјален претставник на морнарицата, САД немаат бродови на морнарицата во Црното Море, што би го направило секој американски обид за извлекување исклучително тежок и долготраен.

Вчера, портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, рече дека САД презеле чекори за заштита на доверливите информации што би можеле да ги добијат оние кои ќе го пронајдат дронот.

„Без да навлегувам во премногу детали, она што можам да го кажам е дека презедовме чекори за да ја минимизираме вредноста на интелигенцијата што може да ја добие некој што ќе го добие тој дрон. И тој е во сопственост на Соединетите држави. Очигледно, ние не сакаме да видиме никој да дојде до дронот освен нас“, рече Кирби.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија