Делегација на американскиот конгрес беше во посета на Мјанмар по што, Џев Меркли изјави дека е вознемирен од острите напади на мјанмарската армија за кои рече дека наликуваат на кампања за етничко чистење на муслиманската заедница Рохинџи.
– Длабоко сме загрижени поради непропорционалниот одговор на армијата и на локалните групи против Рохинџите, изјави конгресменот Меркли, кој е член на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.