Американски допломат тврди дека Карл Билд се служел со политичка шпионажа

Од:

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд во 70-те години на минатиот век на американски дипломати им пренесувал тајни шведски податоци околу тоа што се дискутирало при преговорите за формирање на тогашната шведска десноцентристичка Влада, тврди американски допломат.

Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, информациите што ги пренесувал Билд, меѓу другото се однесувале на деталите за спогодбата околу нуклеараната енергија во Шведска, која требало да стапи на сила.

– Се сеќавам дека го среќавав Карл Билд, тој беше многу начитан и добро информиран. Јас информирав за се што тој го кажуваше, рече Роналд Вудс, тогашен американски дипломат во Стокхолм, за шведскиот весник „Афтонбладет“.

Во својата реакција на медиумските податоци, Карл Билд истакнува дека станува збор за сосема нормално дипломатско рапортирање.

– Ништо што би можело да се класификува како „тајно“, пишува на својот блог Карл Билд, кој тогаш бил асистент на мандатарот за состав на владата и претседател на Партијата на умерените, Госта Боман.

Билд во исто време негира дека пренесувал детални податоци околу решавањето на прашањето за нуклеарната енергија во земјата.

Томас Линдстранд, шеф на Јавното обвинителство за државна безбедност за „Афтонбладет“ изјави дека податоците што ги пренесувал Билд би можеле да бидат прашање поврзано со „политичко шпионирање, доколку биле пренесувани надвор без согласност на другите партии од владината коалиција.

Професорот по политички систем од редовите на шведските социјалдемократи, Улф Бјерелд, смета дека податоците објавени во „Афтонбладет“ заслужуваат внимание и дека Билд греши кога вели дека не постои никаков проблем околу тоа.

 – Тоа едноставно не е вистина, вели професор Бјерелд.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло