Американска нафта со цена од 10,34 долари за барел, најниска од 1986 година

Од:

Американската лесна нафта го продолжува својот пад и цената денеска е 10,34 долари за барел. Таквата цена не е регистрирана уште од 1986 година.

Резервите на црно злато веќе ја достигнаа својата точка на заситеност, а побарувачката силно се намалува заради пандемијата на новиот коронавирус.

Лесната сурова нафта на САД за испорака во мај – денеска е последен ден за тие фјучерси – падна за 49,78 проценти на 10,82 американски долари за барел, а само десет минути пред 17 часот по Гринич се намали на 10,34 долари за барел. За споредба, во 2011 година, таа нафта чинеше речиси 114 долари за барел

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Доларот зајакна, цената на нафтата падна