Американецот кој оддаде тајна за прислушување исчезна од хотел во Хонг Конг

Од:

Американецот Едвард Сноудин, кој ги провали деталите за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата, од американските безбедносни служби, исчезна од хотелот во Хонг Конг, каде престојуваше по бегството од САД.

Претставник на хотелот само изјави дека тој ги зел со себе сите свои лични работи и се одјавил. Овој претставник не можеше да каже каде Сноудин би можел да замине,но се верува дека тој се уште се крие на територијата на Хонг Конг.

Лондонски „Тајмс“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг.

Бирото на дирекори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското Министерство за правда, како „криминал“. Хонг Конг, кој е кинеска територија со посебен статус и силна самоуправа, од порано има со САД спогодба за екстрадиција.

Локални правни експерти, сепак, тврдат дека доколку Американците покренат постапка за вракање на Сноудин во САД,таа би можела да трае со месеци и веројатно би била блокирана од Пекинг.

Сноудин,поранешен техничар во ЦИА, сега вработен во фирмата „Буз АленХамилтон“ која има договор со Националната агенција за безбедност (НСА),самиот се пријави дека тој е човекот што ја провали американската „супер тајна“,откако побара да зборува во интервју за лондонски „Гардијан“.

Во своите први изјави во Хонг Конг тој се однесува како основачот на Викиликс Џулијан Асанж, па иако станува збор за различни случаи и Сноудин зборува за правото на луѓето да бидат информирани и да знаат што прави нивната влада.

– Чувствував обврска да им помогнам на слободните луѓе од угнетувањето на кое се изложени, изјави пред своето исчезнување Едвард Сноудин.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски