Америка испрати нов дрон: Најнапредниот авион полета од Италија и пристигна над Црното Море

Од:

САД испратија нов извидувачки дрон RQ-4 Global Hawk на лет со знак за повикување FORTE10 над Црното Море.

Дронот полета од воздухопловната база Сигонела во близина на италијанскиот град Катанија. Извесен период беше во романскиот воздушен простор, а сега лета над Црното Море.

Ново американско беспилотно летало влезе во водите на Црното Море откако американскиот дрон MQ-9 Reaper се урна во Црното Море по сударот со руски борбен авион Су-27 оваа недела.

Претходно Си-Ен-Ен објави дека американската војска испратила ново беспилотно летало во регионот на Црното Море за да изврши увид на местото на падот и да ги следи акциите на руската војска, која почнала да ги бара остатоците од дронот.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Предраг Петровиќ

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата