„Амазон“ форсира антиваксерски дезинформации, покажа ново истражување

Од:

Амазон, најголемата онлајн продавница во светот, се уште е расадник за теории за заговор против вакцините, а таквите дезинформации влијаат на некои луѓе кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, покажува новото истражување на научниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Алгоритмите за пребарување на Амазон промовираат книги што шират лажни тврдења за вакцини пред оние што ги демантираат здравствените дезинформации, откриле истражувачите, а кога клиентите ги испитуваат, алгоритмите ги наведуваат на понатамошна дезинформација.

Амазон е „трговија со разновидни здравствени дезинформации“, предупредуваат авторите на студијата, Прерн Јунеја од Факултетот за информатика и професорот Тану Митра, во написот што ќе биде претставен на научна конференција во мај.

Првите осум резултати од пребарувањето вчера за поимот „вакцина“ во онлајн книжарницата на Амазон беа книги против вакцините, вклучувајќи ја и книгата Anyone Who Tells You Vaccines Are Safe and Effective is Lying на британскиот теоретичар на заговор Вернон Колман и книгата The Vaccine-Friendly Plan на лекарот Пол томас од Орегон.

На Томас му беше одземена лиценцата минатата година поради доведување во заблуда на родители за безбедноста на вакцините и недоволната вакцинација на пациентите, што доведе до тоа едно дете да добие тетанус и да помине 57 дена во болница.

Амазон неодамна постави банер со врска до страницата за факти на федералната влада за вакцините за Ковид-19 над резултатите од пребарувањето за клучниот збор „вакцина“.

Би можело да ве интересира

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинација

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он