Алиев: Не може да има преговори за Нагорно Карабах без Турција

Од:

Турција мора да учествува во мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија за спорот во Нагорно-Карабах, изјави денеска азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, додавајќи дека тој се уште не знае кога тие ќе почнат.

Азербејџанските и ерменските сили денеска повторно меѓусебно се обвинуваа за прекршување на примирјето, наведувајќи дека другата страна извршила нови напади во регионот Нагорно-Карабах и околните области.

-Турција е голема сила, што се виде кога учествуваше во смирувањето на тензиите во Сирија, Либија и другите меѓународни конфликти. Затоа, исто така, тие мора да учествуваат и во овој процес, рече Алиев, цитиран од британските медиуми.

Алиев додаде дека Турција е исто така дел од групата Минск.

-Тогаш, зошто тие не учествуваа во разговорите? Знам дека многу западни земји не сакаат да ја гледаат Турција на преговарачката маса, но зборот на Турција е голем и независен, рече азербејџанскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат