Али Џанати: Би-Би-Си нема да добие акредитација за продолжување на својата работа во Иран

Од:

Британската радио и телевизиска корпорација Би-Би-Си нема да добие акредитација да обновување на својата работа во Иран, соопшти денеска иранската агенција ИРНА, цитирана од ИТАР-ТАСС.

Министерот за култура Али Џанати на прес конференција објасни дека британскиот медиум не го почитува принципот на непристрасно информирање од настаните. Освен тоа, биле регистрирани контакти на нејзини новинари со „елементи, кои се во опозиција на иранската Влада“, додаде министерот.

Според него, Би-Би-Си под диктат на Форин офисот во Лондон извршува услуги за западните влади, го заведува јавното мнение во земјите низ светот и „ ги сокрива грубите прекршувања на човековите права, извршувани од западните влади“.

Џанати уште додаде дека овој медиум „ја извртува реалноста“ и западното општество го прикажува како „некаков рај, кога станува збор за правата на човекот“.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он

Нов стратешки договор меѓу Русија и Иран, договорено е да ги „здружат силите“