Албанците го контролираат нарко пазарот во Франција

Од:

Во написот на францускиот весник „Ла Фигаро“ се тврди дека Албанците и Турците го контролираат пазарот на хероин во земјата, пренесуваат албанските медиуми.

Повикувајќи се на одделот за борба против организираниот криминал весникот пишува дека криминалните групи со кои Турците најмногу соработуваат се албанските емигранти.

„Исто така јасно е како ден дека тие успеваат пратки со дрога да пренесуваат и во Белгија, Холандија и Германија. Министертвото за внатрешни работи на Франција одлучи да ги зајакне мерките околу ова прашање“, пишува весникот, додавајќи дека според последните пресметки Французите годишно трошат околу две милијарди евра за илегална дрога.

Извештајот следува по акцијата на француската полиција, пред две недели, во која беа уапсени 42 албански државјани-нарко дилери.

Присуството на Албанците во трговијата со дрога во Франција и во западна Европа датира од 1990 година.

Според порталот Албеу, кој ја пренесува информацијата, професорот на Унивезитетот во Њујорк, Марк Галеоти тврди дека Германија, Швајцарија, Белгија и Грција, по 1991 година, примиле стотици илјади илегални албански емигранти, добар дел од нив се занимаваат со недозволена трговија со дрога.

– Околу 70 отсто од хероинот кој се шверцува во Европа е албански, менаџиран секако во соработка со турски шверцерски групи. Преминувајќи ги границите на континентот тие соработуваат со производителите на опиум од Централна Азија и Авганистан, констатира Галеоти.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога