Аларм во СЗО: Итен состанок поради ширењето на новите видови коронавирус

Од:

Одборот за итни прашања на Светската здравствена организација ќе има итен состанок денеска, две седмици пред редовниот термин поради појавата на новите видови коронавирус.

Одборот обично се среќава на секои три месеци, но генералниот директор на организацијата ги свика челновите порано за да бидат разгледани прашањата од итна важност.

„Се работи за новите видови коронавирус, употребата на вакцините и тестовите за меѓународните патувања“ – стои во соопштенето од СЗО.

По состанокот сите земји членки на организацијата ќе го добијат најновите препораки кои ќе го донесе телото составено од експерти.

Британскиот и јужнокорејскиот сој коронавирус се особено заразни, проширени се во повеќе од десет земји во кои ниту најстрогите мерки за заштита не успеваат да го спречат ширењето.

Третата мутација е откриена во Јапонија, во моментов се анализира и се претпоставува дека овој вид би можел дури и да е имун на вакцината.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа