Алар Карис е новиот претседател на Естонија

Од:

Директорот на Естонскиот национален музеј, Алар Карис, е избран за претседател на државата. Во вториот круг од гласање во Парламентот, кандидатурата на Карис доби поддршка од 72 пратеника, а биле неопходни 68 гласови. Во гласањето учествуваа 80 пратеници од 101-члениот Парламент.

Законодавниот дом вчера не успеа да избере претседател. Во првиот круг од гласањето, Карис, кој беше единствениот кандидат, беше поддржан од 63 пратеници, наместо потребните 68 гласови. Во второто гласање денеска, Карис, кој повторно беше единствениот кандидат, успеа да го добие потребниот број гласови.

Досегашната претседателка на Естонија, Керсти Калулаид беше избрана на оваа функција во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он