Алана Армитаж/УНФПА: Правата и достоинството на старите лица мора да бидат заштитени од пандемијата со Ковид-19

Од:

Директорката на Регионалната канцеларија на УНФПА, Фонд за население на ОН, за Источна Европа и Југоисточна Азија нагласува дека тие напорно работат со партнерите во владата и граѓанското општество не само за поддршка за старите лица за време на пандемијата, туку, исто така, овозможување на заштита на нивното достоинство и права во поширока смисла – да останат интегрирани и активни во своите заедници.

Домовите за стари лица ширум Европа станаа жаришта на зараза со Ковид-19. Според Светската здравствена организација, жителите на установите за долготрајна грижа во Европа сочинуваат приближно половина од смртните случаи како резултат на пандемијата. Околу 95 отсто од смртните случаи се кај лица на возраст од 60 години и постари.

„Старите лица не се соочуваат само со здравствена криза: физичкото дистанцирање (погрешно наречено социјално дистанцирање) и мерките за спречување на вирусот, исто така, имаат непропорционално влијание врз нивниот живот и егзистенцијата, бидејќи многумина не се во можност да пристапат до услугите, поддршката и негувателите од кои секојдневно зависат“, наведува таа во обраќање.

„Старите лица кои живеат во установи за грижа сочинуваат само мал дел од вкупното население – на пример во Германија едвај еден отсто, каде има највисок број на згрижувачки легла по глава на ниво на Европа. Ова оддава слика за тоа како жителите на домовите за стари лица се речиси гротескно претерано застапени меѓу смртните случаи предизвикани од вирусот“.

Голем број земји во моментов се обидуваат да изнајдат начин за кризата да се претвори во можност.

„Трагедиите што се случуваат во домовите за стари лица во моментов се само еден показател, иако екстремен, за тоа како ние сѐ повеќе ги разочаруваме старите лица. Пандемијата уште повеќе го потенцираше овој неуспех, кој всушност не започна со Ковид-19. Како резултат на брзото стареење на населението во Европа – едно од четири лица има 60 години или повеќе – општествата се соочуваат со предизвици во создавањето услови за растечкиот број стари лица да напредуваат, притоа одржувајќи добра здравствена состојба и активен живот во своите заедници и во јавноста.

Наместо ова, голем број стари лица се запоставени, сиромашни, социјално исклучени и изолирани – сè она што во моментов е влошено поради пандемијата. Можеби уште полош е начинот на кој јавниот дискурс им укажува, повеќе или помалку суптилно и преку голем број културни индиции, дека поради нивната возраст тие претставуваат товар, се сѐ помалку вредни, па дури и неважни“.

Според неа, постојат четири клучни чекори што владите може да ги преземат за да може ова да се оствари:

Заштитата на постарите лица да се приоретизира во рамките на процесот на справување со Ковид-19. Ова може да вклучува испраќање недвосмислени јавни пораки за поддршка за еднакви права и достоинство на старите лица и преземање смели мерки за да се докаже дека јавните заложби и услуги не се само „зборови“. Може да се направи многу за да се ублажат ефектите од кризата, како на пример: да се обезбеди континуитет на услугите, поддршка на лицата кои се грижат за старите лица, да се користат дигитални технологии за комуникација со лицата во изолација.

Во рамките на процесот на справување со оваа криза и развивањето политики за иднината, мора да ги слушнеме постарите лица. Соработката со претставниците на заедницата е од суштинско значење со цел да се избегне пристрасност и да се дојде до решенија кои одговараат на реалните потреби.

Не смее да постои толеранција за распространетата дискриминација според возраста и негативните стереотипи што уште повеќе се засилија за време на оваа криза. Промовирањето контранаратив во центарот на меѓугенерациската солидарност и вредните придонеси на старите лица ќе биде клучно за менување на социјалните норми и ставови.

Сега е време да започнеме да размислуваме надвор од рамките на кризата и да видиме што треба да се промени во секторите како на пример: здравството, образованието, вработувањето и социјалната помош, за државите да се во подобра позиција во справувањето со ефектите од брзата демографска промена, истовремено обезбедувајќи ги правата и изборите на населението што старее.

Таа нагласува дека смртните случаи кај толку многу стари лица за време на оваа криза не беше неизбежна.

„Тоа е директен резултат на нашиот неуспех – како општества, институции и култури – да им се даде еднаква важност и вредност на животот и благосостојбата на постарата генерација…Во рамките на Европа, каде населението сѐ повеќе старее, ние едноставно не можеме да си дозволиме да исклучиме четвртина од населението со сите негови вештини, таленти и други придонеси. Овозможувањето постарите лица да се третираат со исти права и достоинство како и сите други не само што е морален императив туку е и победа за сите, како за старите така и за младите.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски