„Ал Џазира“: Ослободени киднапираните мировници во Сирија

Од:

Четириесет и петмината мировници од Фиџи, кои пред две недели беа киднапирани во Сирија од екстремистичката група „Џебхат ал Нусра“ (Фронт на победата), локален огранок на Ал Каеда, се ослободени, јави катарската телевизија „Ал Џазира“.

Претходно денеска, припадниците на „сините шлемови“ од малата островска држава во Тихиот Океан беа прикажани на видео снимка, на која еден од нив најави дека наскоро ќе бидат ослободени.

Во 15-минутниот видео материјал двајца мажи зборуваат на арапски јазик, а киднапираните војници од силите на ОН во Сирија седат зад нив со вкрстени нозе.

На крајот од записот, еден од мировниците на англиски јазик вели дека 9 септември „е многу среќен ден“, бидејќи тој и неговите колеги биле известени дека наскоро ќе бидат ослободени. Тој вели дека сите киднапирани војници од Фиџи се живи и здрави и дека киднаперите се однесуваат добро кон нив.

„Џебхат ал Нусра“ ги киднапира мировниците во сирискиот дел од Голанската Висорамнина на 28 август. Групата тогаш истакна дека киднапирањето е извршено како одговор на воведените санкции против нејзини лидери од страна на Советот за безбедност на ОН. Таа побара да биде избришана од списокот на ОН на терористички организации и да и бидат исплатени отштети за нејзините борци, кои се убиени од мировниците на светската организација.

Откако стана независна од Велика Британија во 1970 година, Фиџи испрати повеќе војници по глава на жител во мировната операција на ОН од која било друга држава.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати