Акцискиот план на Жан-Клод Јункер

Од:

Сите 751 европратеници разно изутринава  го добија напишан на нивниот јазик акцискиот план на кандидатот за претседател на Европската Комисија, Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, насловен „Нов почеток за Европа: Мојата агенда за вработување, развој, правда и демократски промени“.

Како што јави допсиникот на МИА од Стразбур, планот содржи десет страници со десет „политички приоритети на Европската комисија“.

Најспектакуларната од сите точки во планот е што предвидува издвојување на 300 милијарди евра од јавни и приватни инвестиции за реалната економија во наредните три години.

Блиските на Јункер објаснуваа ова утро дека во овие 300 милијарди се вклучени и вкупните консолидирана инвестиции кои се веќе планирани, вклучувајќи го и повеќегодишна буџетот на ЕУ, но и фондови кои „спијат“, особено во Европската инвестициона банка.

– Не недостигаат толку многу пари, колку што недистигаат  добри проекти за да ги мобилизираат”, објасни Мартин Селмер, шефот на Транзицискиот тим на новиот претседател на Комисијата.

За остатокот, приоритетите кои ги  најави Јункер се оние кои се појавија за време на кампањата која се водеше за европските избори:

Единствен дигитален пазар, кој  според документот ќе произведе 250 милијарди евра дополнителен раст.

Енергетска унија која ќе ги вклучи политиките на  енергетска перспектива  и на климатските промени.

Зајакнат единствен пазар со засилена индустриска база.

Потесна и пораведна економска и монетарна унија. Во овој поглед, Жан-Клод Јункер назначува дека „треба да се замени тројката со полегитимна структура на демократски план, врз основа на европските институции со поголем парламентарниот надзор, како на европско така и  на национално ниво”.

Разумен и избалансиран Договор за слободна трговија со САД.  Јункер наведува дека нема да ги жртвува европските стандарди за безбедност, здравство, социјалната заштита и заштита на податоците на олтарот на либерализираната трговија.

Европски простор на правда и основните права врз основа на взаемна доверба.

Тој се залага за нова миграционата политика и сака заедничка политика за азил и подобрување на борбата против нелегалната миграција. Најавувајќи еден комесар задолжен за оваа политика.

ЕУ да биде глобален и посилен играч. Следниот претседател на Комисијата најавува дека, поради тешкиот товар на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, тој сака другите комесари кои се задолжени за прашања кои се однесуваат на надворешните работи, да можат да  го заменат на високиот претставник во некои од своите задачи.

Јункер заговара затворена врата за натамошно проширување на ЕУ во следните пет години. Проширувањето е историски успех, кое донесе мир и стабилност за нашиот континент. Сепак, Унијата и нашите граѓани треба да ги прифатат последните проширувања за време на кои 13 нови земји и се приклучија на ЕУ за само 10 години. ЕУ има потреба да направи пауза во својот процес на проширување со цел да го зацврсти она што беше реализирано од 28-те земји-членки, за веднаш потоа да ги отстатрни сите сомнежи.

– Затоа, под моето претседавање со Комисија, преговрите кои се во тек ќе продолжат, псоебно со земјите од Западен Балкан, кои имаат потреба од европската перспектива. Сепак нема да има ново проширување во наредните пет години, се вели во планот на Јункер.

Унија на демократски промени. Јункер ќе предложи меѓуинституционален договор, кој ќе наметне транспарентност на трите  главни институции. На пример, тој сака сите средби на членовите и вработените на овие институции во законодавниот процес се евидентираат во регистар на транспарентност.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески