Акција во јужен Либан: Израел уништи неколку стотици ракетни фрлачи на Хезболах

Од:

Израелски воени авиони гаѓаа цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи неколку стотици ракетни фрлачи кои носеа околу 1.000 лансери, соопшти армијата.

Израел го гаѓа јужниот дел на Либан со десетици проектили, изјавија три либански безбедносни извори, пренесе Ројтерс.

Засега нема извештаи за жртви.

„Израелската војска (ИДФ) ќе продолжи да дејствува за да ја деградира инфраструктурата и можностите на терористичката организација Хезболах со цел да ја одбрани државата Израел“, се вели во соопштението на ИДФ.

Нападот на Израел уследи по нападот претходно оваа недела, припишан на Израел од страна на Либан и Хезболах, кога експлодираа воки-токи и пејџери што ги користеа борците на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000 во Либан.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан изјави дека Израел ќе продолжи со воената акција против Хезболах.

Хезболах, како поддршка на Хамас по почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври минатата година, почна да истрела ракети кон северен Израел.

Израел и Хезболах оттогаш секојдневно разменуваат оган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“