Акција на романското обвинителство против криминална група што го оштетила државниот буџет за 18 милиони евра

Од:

Обвинители денеска упаднаа на 45 адреси, во осум округа во југоисточна Романија, вклучувајќи го и Букурешт, во акцијата за разбивање на криминална група, составена од романски и турски државјани, специјализирана за перење пари, избегнување на плаќање даноци и присвојувања преку трговија со големи количества житарици, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Дирекцијата за истражување на криминалот, организираниот криминал и тероризмот на 12 октомври ја почнала кривичната истрага против 42 лица, а со наредба од 14 октомври преземени се активности против уште 37 обвинети.

Според обвинителите, од 2009 година обвинетите романски и турски државјани тргувале со големи количества житарици без да ги добијат сите необходни документи, а со цел да го избегнат плаќањето даноци.

Штетите предизвикани во државниот буџет изнесувале приближно 18 милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија