Ајатолах Нејaд: Американската флота може да биде уништена со една ракета

Од:

Иранскиот ајатолах Јусеф Табатабија Нејад синоќа им порача на САД дека „нивната флота вредна една милијарда долари би можела да биде уништена со една ракета“.

Неговото предупредување е во моментот кога американскиот носач на авиони Абрахам Линколн
се приближува кон Персиски Залив.

Американските авиони бомбардери Б-52 што Белата куќа ги упати кон Персиски Залив поради неодредена закана од Иран, пристигнаа во американската воена база Ел Удеид
во Катар.

Заменик шефот на Револуционерната гарда Јадолах Џавани вчера изјави дека Техеран нема да разговара со својот најголем непријател – САД и оцени дека Вашингтон „нема да се осуди да покрене воена акција“ против Иран.

– Никакви разговори нема да се водат со Американците, а Американците нема да се осудат да преземат воена акција против нас, посочи Џавани.

Агенција за поморство на САД (МАРАД) соопшти дека американските комерцијални бродови, меѓу кои и танкерите со нафта, кои пловат низ клучните блискоисточни морски рути бои можеле да бидат мета на Иран.

Иран на 8 мај најави делумно повлекување од нуклеарниот договор од 2015 година, една година откако САД се повлекоа од Договорот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани на европските лидери им даде рок од 60 дена да изнајдат начин да го заштитат Иран од американските санкции или во спротивно Техеран нема да ги продава резервите збогатен ураниум во странство и ќе ја интензивира преработката на ураниум.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел