АИ: Жените во Иран се машини за раѓање на бебиња

Од:

Предлог-законот за зголемување на наталитетот ги сведува жените во Иран на „машини за раѓање на бебиња“, предупреди денеска „Амнести интерншнл“ (АИ).

Со едни предлози се укинува доброволната стерилизација и промоцијата на контролата на раѓање, а со други им се отежнува на Иранките, кои не се мајки, да се вработат.

Предлог-законот уследи по апелот на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеј двојно да се зголеми населението на Иранм на 150 милиони во следните 50 години. Но, предлог-законот е и поради стареењето на нацијата и предупредувачките податоци дека стапката на раст на населението би можело да падне на нула.

АИ наведува дека другиот предлог-закон им отежнува на жените да побараат развод бидејќи им се наложува на работодавците приоритет при вработувањето да имаат омажените жени со деца.

– Властите промовираат опасна култура во која на жените им се одземени основните права и се сметаат за машини за раѓање, изјави Хасиба Хаџ Сахрао, заменик-директор на АИ за Блиски ИСток и Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел