АИ: Заштита на човековите права во Европа на најниско ниво од 1989 година

Од:

Меѓународниот систем за заштита на човековите права во Европа и Централна Азија во 2014 година беше на најниско од падот на Берлинскиот ѕид, се наведува во извештај на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешанл“ (АИ).

– Минатата 2014 не беше година на запирање на напредокот. Тоа беше година на движење назад, се потенцира во документот.

Како што јави ТАСС, во извештајот како основни причини за ваквата состојба се посочуваат руската анексија на Крим, војната во источна Украина, зајакнувањето на авторитарните режими во поранешните советски републики во Централна Азија, ограничувањето на слободите во Турција и зајакнатото влијание на популистичките партии во Европа.

Огранизацијата оценува дека турските власти почнале да се однесуваат  поавторитарно, дека ја поткопуваат независноста на судскиот систем, ја ограничуваат слободата на интернет и дека ја зајакнале улогата на разузнавачката служба на досега незабележано ниво.

АИ во извештајот наведува дека зголемувањето на економксите проблеми во Европската унија и намалувањето на довербата на граѓаните во етаблираните политички партии, довеле до зајакнување на позициите на популистчките сили и од редовите на екстремната левица и на екстремната десница.

Засиленото влијание на националистичките и на лошо прикриените ксенофобични групи придонесува за ограничувања на имиграциските политики и за слабеење на наднационалните власти, стои во документот.

Во делот посветен на Русија во извештајот се посочува дека во земјата се бележи „намалување на плурализмот во медиумите и ограничување на правото на слобоно изразување“, а се наведуваат и примери на судски процеси против политички активисти и кршење на човековите права во реонот на Северен Кавказ.

АИ наведува и дека во централноазиските држави Казахстан и Туркменистан, а во помал степен и во Узбекистан, е забележливо зајакнувањето на авторитарните владејачки режими, додека во Азербејџан има зголемување на репресиите врз опозициските активисти.

–  Меѓународниот систем за заштита на човековите права во Европа и Централна Азија и неговата поддршка не биле на толку ниско ниво уште од времето на падот на Берлинскиот ѕид, се заклучува во извештајот на АИ.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски