Африканските земји укинуваат дел од рестриктивните мерки

Од:

Неколку африкански држави почнаа да ги укинуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со коронавирус.

Во Нигерија од денес повторно се отворени продавниците, со цел да се придвижи најголемата африканска економија.

По 45 дневен карантин во Руанда се намалуваат дел од мерките, но полицискиот час ќе остане во сила, а забранет е влез и излез од главниот град Кигали.

Во Јужна Африка на граѓаните ќе им биде дозволено да се вратат на работа, но ќе мора да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и да се придржуваат до правилото за миење раце.

Министерството за здравство на Кенија соопшти дека е забележана мала излезност на масовното тестирање на Ковид-19, откако одлуката наиде на негодвање на јавноста.

На социјалните мрежи се појавија видеа од организирање на ноќни погреби во Танзанија, поради што е доведен под сомнеж начинот на кој земјата се справува со пандемијата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска