Африкански земји бараат да се истражи системскиот расизам во САД

Од:

Африканската група земји во Советот за човекови права на Обединетите нации подготви нацрт-резолуција, со која, доколку се усвои документот, ќе побара меѓународна истрага во врска со систематскиот расизам врз Африканците и луѓето со африканско потекло во САД и други делови на светот.

Иницијативата доаѓа по неодамнешните убиства на Афроамериканци во САД од страна на полицијата, а нацрт-резолуцијата може да послужи како основа за расправа на утрешната итна седница на Советот за кршење на човековите права, систематски расизам, полициска бруталност и насилство врз учесниците во мирните антирасистички демонстрации.

Предлог-резолуцијата бара истрага од истражната комисија на Советот за да се изведат сторителите пред лицето на правдата, но не е јасно колку има поддршка за ваквиот потег.

Пред две години, американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на САД од тоа тело на ОН, кое го обвини за пристрасност кон Израел и за прием во членството на земји што, како што рече, систематски ги кршат човековите права. 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас