Аеродром во Цирих делумно затворен поради закани

Од:

Швајцарската полиција соопшти дека од безбедносни причини синоќа делумно е затворен аеродромот во Цирих, а медиумите напоменуваат дека се работи за закана од бомба.

-Аеродромот се соочува со опасност. Терминалите за заминување 1 и 2 и терминалот 2 за доаѓање се затворени, а сите летови се одвиваат според предвиденото- изјави за „Франс прес“, Кармен Сурбер, портпарол на полицијата Кантон Цирих, без при тоа да прецизира за каква опасност станува збор.

Локалните медиуми, повикувајќи се на анонимен заканувачки повик, до управата на аеродромот, пренесуваат дека станува збор за узбуна поради бомба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски