Абот: Г-20 да обезбедат два билиони долари за глобален БДП

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот ги повика денеска, на самитот на Групата 20 во Бризбејн, светските лидери да го поддржат со дополнителни два билиони долари бруто домашниот производ, и се заложи за слободна трговија и повеќе инвестирање во инфраструктурата.

Спроведувањето на иницијативата, според Абот, би придонело за отворање милиони нови работни места и би го зголемил БДП за повеќе од два отсто во следните пет години.

– Тоа се милиони работни места и билиони долари дополнително производство, рече тој, отворајќи ја дводневната конференција на Г-20, чии членки претставуваат 85 отсто од глобалната економија.

– Ние сакаме слободна трговија и тоа ќе го оствариме. Потребна ни е подобра инфраструктура и тоа ќе го изградиме, порача Абот.

Земјите од Г20 се под притисок на овогодинешниот самит конкретно да дејствуваат, наместо само да постават неодредени цели.

Се очекува секоја земја на самитот да претстави сеопфатен план за тоа како планира да придонесе за иницијативата од два билиони долари.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча