Абе: САД и Јапонија постигнаа „историски“ успех при посетата на Барак Обама

Од:

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека заедно со американскиот претседател Барак Обама оствраиле „историски“ успех, откако постигнале договор за прашањата на безбедноста и напредок во билатералните трговски преговори.

Во заедничко соопштение, објавено на крајот на посетата на Обама на Јапонија, Вашингтон и Токио, наведуваат дека сојузништвото меѓу двете земји продолжува да биде основа за обезбедување на мирот и стабилноста во азиско-тихоокеанскиот регион, како и платформа за меѓународна соработка.

Според Обама и Абе, како што пренесува ИТАР-ТАСС, договорот во областа на безбедноста се однесува и за спорните острови Сенкаку, за чии суверенитет спорат Јапонија и Кина.

– Тоа беше историска изјава за Јапонија и САД, истакна Абе.

Вашингтон и Токио во соопштението наведуваат дека споделуваат силна загриженост од создадената кинеска зона за воздушна одбрана во Источното Кинеско Море, но истовремено истакнувајќи дека сакаат да градат продуктивни врски со Кина.

САД и Јапонија во заедничкото соопштение наведуваат дека разгледуваат можности за преземање на дополнителни мерки во однос на Русија поради ситуацијата околу Украина. – Заедно со партнерите од Г-7 САД и Јапонија ја осудија Русија за дејствијата за време на украинската криза, наведува во сопштението.

Американскиот претседател Барак Обама по завршувањето на посетата на Јапонија замина за Сеул, што претставува негова четврта посета на Јужна Кореја во својство на претседател на САД.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски